Са Пинто нов тренер на Црвена звезда

Португалецот Рикардо Са Пинто е именуван за нов тренер на фудбалскиот клуб Црвена звезда од Белград. На клупата Са Пинто го наследи Александар Јанковиќ, кој по серијата лоши резултати во пролетниот дел од сезоната доби отказ.Поранешниот португалски репрезентативец кариерата ја започна во Леирија, каде бел помошник тренер во 2010 и 2011 година, а во 2012 година го предводел Спортинг Лисабон, каде во октомври истата година добил отказ.Са Пинто со Црвена звезда потпишал договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен.Како фудбалер Са Пинто настапувал за Салгеирош, Спортинг, Реал Сосиедад и Стандард Лиеж, во периодот 1994-2001 година одиграл 45 натпревари и постигнал девет голови за репрезентацијата на Португалија.Црвена звезда, во неделата, загуби од Раднички Ниш и на табелата зад лидерот Партизан заостанува 11 бодови.
МакфаксПортугалецот Рикардо Са Пинто е именуван за нов тренер на фудбалскиот клуб Црвена звезда од Белград. На клупата

Пронајдете не на следниве мрежи: