Свадба во домашни услови со стотина гости, потенцијален нов кластер на коронавирусот во Македонија

Свадба со стотина гости, која се одржала во домашни услови на крајот на мај, би можело да биде причина за потенцијален нов кластер на поголем број заразени со коронавирусот во земјата.
-Една детална анализа за потенцијален нов кластер, тоа што знаеме досега, е само од една свадба која броела сто луѓе во домашни услови, во период кога е тоа забрането на крајот на мај. Сега тука имаме за жал, позитивни, заразени. Овие денови интензивно ќе се прават анкетите на гостите, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Министерот за здравство нема информација за позитивен вработен во фабрика во близина на Тетово, каде работниците со автобуси доаѓаат од Тетово, Гостивар и Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.