Во ерата на социјалните мрежи кога секоја добра фотографија вреди злато, луѓето се спремни на сe’ за да ја направат. А кога велиме се’, мислиме дури и на тоа да го ризикуваат својот живот.
Многумина сметаат дека доколку фотографијата не е поставена на социјалните мрежи, таа како да не постои, но некои од фотографиите е многу посигурно да не се направат. Само на Инстаграм, покрај 25 илјади фотографии стои хаштагот #WeddingCakeRock без оглед на тоа што пристапот до оваа карпа се казнува со околу 2000 евра.
View this post on Instagram
I wish I were who I was when I wished I were who I am now. #weddingcakerock
Карпата наречена “Свадбена торта” се наоѓа на југот од Сиднеј и е место кое туристите го обожуваат поради неговата преубава бела боја, но и поради мазната површина која неодоливо потсетува на торта. Сепак, поради опасност од рушење или паѓање од висина од речиси 50 метри, пристапот е ограничен со ограда.
Меѓутоа, туристите не се обѕираат на оградата и честопати ја прескокнуваат, а токму поради тоа е во план нова, поцврста и повисока препрека. Досега ниту полициските служби ниту смртните случаи не ги спречило туристите да се приближат до работ и да се фотографираат на карпата без оглед на тоа што си го загрозуваат животот.
Од националниот парк предупредуваат дека никој не може да знае во кој момент може да се сруши “Свадбената торта”, но ерозијата е предвидлива поради мекиот материјал