Сведоштво за падот на параглајдеристот во село Љубаништа

Во текот на вчерашниот ден американски параглајдерист од САД беше повреден во Охрид извести МВР, а сведоци за „СДК.мк“ велат дека тој паднал врз автомобил и останал да лежи неподвижен.
– МВР соопшти дека во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека при слетување на плажата со параглајдер Д.Ј.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Параглајдеристот паднал врз колата на историчарката на уметност Соња Абаџиева која со сопругот радиологот д-р Ванчо Димитров се на летување во Љубаништа. Како што изјавила таа параглајдеристот паднал на нивната кола при што се здробила шофершајбната, дел од покривот и вратата.
– Колата беше паркирана до плажата во Љубаништа, пред апартманот каде сме сместени. Американецот параглајдерист не беше многу вешт во приземјувањето и падна врз шофершајбната на нашата кола. Кога слушнав силен тресок, излегов да видам што се случило, а тој лежеше неподвижен до нашата кола. Го викнав Ванчо како доктор да провери какви повреди има, му меревме притисок, викнавме брза помош и полиција, а околу сеирџии од цела плажа и околните апартмани. А сите со скрстени раце, само да се гледа, да не се мрдне со прст, како да се тие повредените. Ги прашав полицајците дали е дозволено слетување на толку тесен простор до плажа. Ми одговорија дека ниту е забрането, ниту не е!, вели Абаџиева за „СДК.мк„

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.