Велешанката Ѓурѓа Рушкова и нејзиниот син во средата беа евакуирани од Израел со лет до Атина. Тие беа дел од групата 50 верници од различни држави кои беа на аџилак во светата земја. Таа со наплив на емоции ја раскажува голготата низ која поминале со нејзиниот син за да се вратат дома, откако се случи конфликтот на Блискиот Исток.
Сведоштво на Македонка евакуирана од Израел: ЕДВАЈ СЕ СПАСИВМЕ, НИШТО НЕ УКАЖУВАЊЕ ШТО ЌЕ СТАНЕ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ
-Во меѓувреме сфативме дека не е така само кратко, туку дека нешто ќе биде посериозно, и ни беше кажано да ги контактираме нашите матични земји. Сите ние тоа го направивме, и бевме советувани да го напуштиме Витлеем, всушност, да го напуштиме хотелот каде што бевме сместени во палестинскиот дел, вели таа.
Рушкова за раскажува дека биле во неверување дека всушност се случува вистинска војна, и дека ништо не наговестувало дека ќе се случи такво нешто.
- Зошто болката во вратот постојано се враќа: Физијатар предупредува на грешки што го забавуваат закрепнувањето
- Сопругата на Мишo Ковач му оддаде почит со моден детал: Носеше очила по кои го паметиме
- Брисел со забелешки во извештајот за Македонија: Нема уставни измени, ниту напредок во борбата против корупцијата
- ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството остануваат клучни предизвици за Македонија на европскиот пат
- Макс доаѓа: Мета направи робот што работи дома
- Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват залихи за преживување во првите 72 часа од криза
- (Видео) Клиниката за детски болести: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти со цистична фиброза
- По речиси 30 години во Сенатот, помошникот на Трамп ги загуби изборите
- Зеленски и додели орден на Меланија Трамп за хуманитарната евакуација од Олешки
- Кога првпат пукна ние се наоѓавме во хотел во Витлеем, тоа е во палестинскиот дел. Појадувавме, сите бевме во ресторанот и наеднаш се слушнаа бомби. Ние бевме група од 50 верници на аџилак, кои требаше да бидеме 11 дена во Израел, да ги посетиме светите места во Израел. И кога на појадок слушнавме две гранати, бомби, се чудевме што не снајде ги прашуваме келнерите околу нас, и тие ни рекоа дека се е во ред и да не се грижиме, меѓутоа нешто навистина се случуваше, вели таа.
Потоа се информирале на рецепција што се случува и им кажале дека има некаков напад.
-Во меѓувреме, после појадокот требаше да одиме во Ерусалим, но возачот кој секој ден не земаше со автобус кој доаѓаше од Ерусалим, ни јави дека не може да влезе затоа што границата е затворена. Ерусалим и Палестина имаат граница каде што има вооружена војска. За да влезеш во палестинскиот дел се поминува граница која има војници таму, во автобусот проверуваат легитимации, за да пуштат во палестинскиот дел, каде што ние бевме сместени.
Вели дека кога се случило бомбардирањето, останале два дена во Витлеем, биле информирани дека има војна, но советувани да не се плашат и оти за кратко ќе можат да го продолжат патувањето.
-Во меѓувреме сфативме дека не е така само кратко, туку дека нешто ќе биде посериозно, и ни беше кажано да ги контактираме нашите матични земји. Сите ние тоа го направивме, и бевме советувани да го напуштиме Витлеем, всушност, да го напуштиме хотелот каде што бевме сместени во палестинскиот дел, вели таа.
Додава дека откако почнало бомбардирањето, бензиските пумпи се затвориле, а сопствениците на хотелот им кажале да очекуваат дека во секој момент може да снемаат и вода и струја.
Раскажува дека по два дена успеале да го напуштат Витлеем со помош на нивниот возач на автобусот, кој издејствувал да ја отворат границата и тие да излезат од палестинскиот дел, по што биле сместени во друг хотел во стариот дел на Ерусалим, од каде очекувале дека ќе го продолжат нивното патување.
Меѓутоа од таму стана уште посериозно, значи само што влеговме се чекиравме во новиот хотел се качивме горе на покривот имаше ресторан седнавме, и кога наеднаш сирените почнаа свират за да се евакуираме, да одиме долу, затоа што се очекува некој напад.
Откако дојдовме во Ерусалим, тоа беше секојдневие. Ќе слушнеш сирени и мораш веднаш да одиш во лобито, тоа беше голем хотел од седум ката, преполн со луѓе и сите се стискавме во една просторија, раскажува Рушкова видно потресена.
Од таму, почна драмата – пукање, слушавме постојано авиони над хотелот.
-Бевме советувани да седиме во хотелот, да не излегуваме надвор и оти тоа е единственото нешто што може да се направи во моментот. Таму седевме два дена. Војската, полицијата, излегоа на улиците, од балконот од хотелот гледавме што се случува – имаше ситуација вооружен војник грабна едно момче кое одеше по улица и носеше ранец, што им беше сомнителен. Не знам што се случуваше и затоа си рековме дека ова е навистина сериозно, раскажува Рушкова.
Додава дека биле во контакт со израелската полиција, бидејќи не знаеле што се случува.
-Се беше откажано по авионските компании и ние останавме во хотелот. Ја контактиравме израелската полиција, јас лично, разговарав дали е безбедно, бидејќи ние пошто бевме група од 50 луѓе, да одиме во Јордан. Таа ни беше најблиска локација каде што може да излеземе, само да преминеме граница, сакавме само да преминеме граница и да бидеме на безбедно.
Пронајдете не на следниве мрежи:



