Сведоштво на патникот од седиште бр. 3 во автобусот на смртта

Еден од патниците кој бил во автобусот кој завчера се преврте кај село Ласкарци на автопатот Скопје – Тетово, за албанските медиуми раскажал за тоа што доживел. Тој изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа шоферот ја изгубил контролата и излетале од патот.
“Пред се сочуство за загинатите. Во 16:15 часот излеговме од работа од министерство за економија, некаде околу 16:30 тргнавме на пат. Бев седнат во третото седиште на спротивната страна од шоферот и наеднш почна една врева. Јас станав и дојдов до шоферот кога забалежав дека автобусот има проблеми со правецот на движење. После ова автобусот излезе на другата лента на автопатот Тетово – Скопје за среќа немаше други возила. Се сеќавам на моментот кога автобусот се преврте и потоа кога автобусот застана излегов од прозор. Немам посериозни повреди, изјави патникот кој патувал со автобусот.

 

 

 

 
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.