Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган потпиша нов декрет со кој културниот објект изграден во IV-тиот век од музеј ќе преминине да врши муслиманска богослужба.
Ердоган го потпиша указот откако турскиот Високиот административен суд ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.
Цврквата Света Софија или црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на историјата била претворена во џамија, потоа музеј и сега повторно да се врати во функција на муслимански верски објект.
Неофицијален датумот за првата богослужба ќе е 15 јули, дента кога во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар во Турција.
Пронајдете не на следниве мрежи: