Светот е сè поблиску до Третата светска војна, постои страв од сојуз на четири сили: Дали Западот е подготвен за тоа?

Русија, Кина, Иран и Северна Кореја формираа „автократска оска“ која има за цел заеднички да му се спротивстави на Западот.Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, неодамна го нарече овој сојуз, во стилот на Џорџ Орвел, „слободен свет“.„Борбата меѓу овие два света, од кои едниот се појавува, а другиот постепено исчезнува, не е без судири“, рече Лавров на конференцијата во Катар претходно овој месец.Од друга страна, неговиот чешки колега Јан Липевски е многу загрижен за моменталната состојба во светот.„Ова е ера на глобални конфликти. Насилството што моментално се случува во светот докажува дека повеќе не постојат посебни конфликти и дека тие не можат да се решат одделно. Има напори да се уништи сегашниот меѓународен поредок и ние мора да направиме сè за да го спречиме тоа “, рече Липевски.Тој додаде дека присуството на севернокорејските војници, кои се борат на страната на Русија во Украина, е очигледен пример за овој сојуз.Пред само десет години, Москва и Пекинг работеа заедно со САД за да ги ограничат режимите во Северна Кореја и Иран, заедно гласајќи за Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за нуклеарната програма на Техеран во 2015 година. Тие, исто така, составија пакет санкции против Пјонгјанг во 2017 година.Сепак, оттогаш, овие четири земји се обединија поради индивидуалните конфликти со Западот, пишува аналитичар на Волстрит журнал.Аналитичарот смета дека пресвртна точка во создавањето партнерства меѓу овие четири земји беше во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим. Благите санкции на Западот го убедија рускиот претседател Владимир Путин во слабоста на овие демократии.Една година подоцна, Русија и Иран ги здружија силите во Сирија за да го спасат режимот на тогашниот претседател Башар ал Асад од целосен колапс. Отсечена од некои западни технологии, Русија стана зависна од Кина.Врските меѓу овие четири земји беа зајакнати откако Русија ја нападна Украина во 2022 година. Русите ја водат оваа војна благодарение на помошта на Кина, Иран и Северна Кореја. Москва стави вето на санкциите против Пјонгјанг минатата година, а неколку месеци подоцна Путин и Ким Џонг Ун потпишаа договор за меѓународна одбрана.Соработката меѓу Русија и Иран е исто така стратешка. Москва и Техеран потпишаа договор, кој вклучува и одбранбена соработка.„Bеројатно сме на работ од Третата светска војна. Војните во Украина и Газа веќе се прелеаа, а Сирија е уште едно парче во таа загатка. Мораме да бидеме внимателни, за да не избие нов конфликт“, рече претседателот на Кинескиот истражувачки центар, Ванг Хујао.Западот не е подготвен да се бори со овие потенцијални противници.„Единството на овие автократии е можеби посилно од единството на демократските земји во овој момент“, смета холандскиот генерал Оно Иклисјам.Иако во последно време имаше сериозна ескалација на конфликтот, овие држави се уште не се во директен конфликт. Фактот дека Русија, Кина, Иран и Северна Кореја имаат различни политички системи, идеологии и не се обединети со политички сојуз како НАТО, донекаде ги смири западните влади.Шефот на австралиската разузнавачка служба Ендрју Ширер смета дека Западот ги потцени овие земји и стратешкото влијание што тие го имаат врз целиот свет.„Ова е оска на злото што работи заедно многу долго време. Овој глобален сојуз во моментов промовира агресија против Украина, но тие сè уште имаат многу заеднички цели“, рече заменик-министерот за одбрана на Украина Серхи Боев.

Пронајдете не на следниве мрежи: