Американскиот милијардер Илон Маск се најде во центарот на контроверзии поради гест за време на обраќањето до поддржувачите на Трамп, кој беше спореден со нацистички поздрав, јавуваат агенциите.
Маск зборуваше на настан што се одржа во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, откако Доналд Трамп официјално положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
„Нацистички поздрав“
„Ви благодарам што овозможивте ова да се случи“, рекол Маск, пред да направи гест што многумина го споредија со нацистички поздрав, додавајќи: „Моето срце е со вас“.
Маск исто така порача: „Ви благодарам што ја обезбедивте иднината на цивилизацијата“.
По овој настан, многу корисници на социјалните мрежи го осудија Маск, обвинувајќи го за нацистички поздрав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.