Светска банка ќе ги поддржи макроекономските и климатските реформи со заеми во вредност од 93,8 милиони евра

Светска банка ќе обезбеди заеми во износ од 93,8 милиони евра за Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддршка на нејзината зелена транзиција.

Како што соопшти Светска банка, новото финансирање во рамки на Операцијата за развојна политика на стабилност и издржливост на Македонија, одобрено денеска од Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјата, според Фискалната Стратегија 2024-2028 и Програма за економски реформи 2023-2025 на Владата.

Фредериксен: Треба да му се дозволи на Киев да користи западно оружје за напади во Русија
„Предлагам да ги прекинеме дискусиите за црвените линии. Најважната црвена линија беше помината кога Русите влегоа во Украина. Јас нема да ја прифатам оваа премиса и не можам да прифатам некој од …
(Видео) Уште тогаш се знаеше дека нешто не чини: Како изгледаше пречекот на Касандра и Ранду во Скопје во 1998 година
Кораима Торес, на овие простори позната како „Касандра“ вчера стигна во Белград, кадешто ќе учествува во снимањето на телевизиска серија, а пречекот, долги години по нејзината популарност на Балканот, привлече големо внимание …

„Северна Македонија, како и другите земји во Европа, се соочува со постојани инфлациски притисоци, кои ги оптоваруваат јавните финансии во смисла на монетарно стегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, нашата цел е да обезбедиме брзи финансиски ресурси за зајакнување на фискалната стабилност, поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата“, рече Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово.

Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива во Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање податоци за изложеноста во банкарскиот сектор на климатски ризици.

Реформите, како што се наведува, можат да и помогнат на земјата да привлече околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и поставување на соларни панели, до 2026 година.

„Соработувавме со меѓународни партнери за да се осигураме дека нашата поддршка во политиката и техничката помош се комплементарни и во согласност со агендата за членство во Европската унија. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја зајакне посветеноста на Владата за реформи во здравите макроекономски политики и стабилноста на финансискиот сектор“, изјави Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за Западен Балкан во Светска банка.

Заемот од Светска банка се состои од рата за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, со вклучен грејс период од 4,5 години, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.