Светскиот туризам изгуби 320 милијарди долари во првите пет месеци од 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирусот, во однос на истиот период минатата година, објави Светскта организација за туризам (UNWTO).
„Тоа е трипати поголема загуба за меѓународниот туризам отколку за време на светската економска криза во 2009 година“, рече организацијата на UN, со седиште во Мадрид.
Бројот на меѓународни туристи падна за 56 проценти од јануари до мај годинава, во однос на истиот период во 2019 година, или 300 милиони туристи, според UNWTO.
„Овие најнови бројки јасно ја истакнаа важноста за повторно воспоставување на туризмот со претодна гаранција за безбедност. Драматичниот пад на меѓународниот туризам ги доведе во ризик милиони домаќинства кои се зависни од туристите, вклучително и земјите во развој“, рече генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.