Министерството за култура и туризам објави дека вечерта на 11 април, во 19:30 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде свечено започната манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. На плоштадот во Гевгелија, публиката ќе има можност да го слушне оркестарот како изведува класични хитови и поп евергрини од македонскиот и светскиот музички простор. Тие мелодии, кои никогаш не излегуваат од мода, ќе добијат свежо, модерно звучење преку специјално прилагодени аранжмани за биг-бенд. Публиката ќе може да ужива во врвните таленти на членовите на биг-бендот. За диригент на оваа вечер ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти покрај дел од биг-бендот, ќе настапат и Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.
The post Свечено отворање на „Гевгелија – град на културата“ со Националниот џез оркестар appeared first on 365.mk.