Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово.
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавци
- Ја поставил љубовницата за кралица, чекал повеќе од 7 децении за да се качи на тронот: Кој е кралот Чарлс III кој го промени курсот на британскиот двор (фото)
- Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година
- Владата ги заборави лицата со попреченост – се крати од лицата со попреченост
- Голем пресврт во Киев: Украина размислува да отстапи дел од територијата?
- Антитерористички специјалци на улиците на Париз пред натпреварот меѓу Франција и Израел
- Анџелина Џоли и Бред Пит на суд: Темата е измама, но не љубовна, туку… (фото)
- Пола Македонија живее со зголемена телесна тежина
- „Мажите не можеа да ми ги задоволат апетитите“: Ема работеше како учителка, а потоа остави сè поради своето либидо и денес заработува од разголени фотографии (фото)
Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека дел од овие напади што се очекува да се случат, освен Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на партијата Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот на 24 септември, ќе биде и лицето Звонко Веселиновиќ, кој ѝ е добро познат на полицијата и кого косовските и српските медиуми го споменуваат како една од главните фигури на организираниот криминал во северно Косово.
Според косовскиот министер, овие групи се обучуваат во српски армиски бази во близина на границата со Косово.
– Имаме разузнавачки информации дека се обучуваат други групи, дека не само Радоичиќ, туку и Веселиновиќ ќе биде дел од идните напади, доколку дозволиме да се случат, со единствена цел да се предизвика нова ситуација на теренот, при што позицијата на Србија би се подобрила во однос на нивната цел да го уништат Косово, рече Свечља.
Тој додаде дека Косово ќе ги исполни сите процедури, барајќи екстрадиција и судење на Радоичиќ пред правосудниот систем на Косово.
– Не само негово, туку и на оние кои го планираа овој напад против територијалниот суверенитет на Република Косово. Нема да застанеме тука, порача косовскиот министер за внатрешни работи.
Свечља рече дека државата Србија, Владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се одговорни за она што се случи во Бањска на 24 септември.
– Тие го извршија планирањето, регрутирањето, обуката, ја вооружија и ја донесоа таа терористичка група на граница, која беше само бран на терористи планирани да влезат во Косово. Имаше и друга група внатре во Косово, рече тој.
Свечља тврди дека планот за терористичкиот напад во Бањска на 24 септември бил подготвен воено и имал за цел припојување на северните косовски општини кон Србија.
Според него, Бањска била собирното место на членовите на терористичката група, кои, како што вели, би се распоредиле во Звечане и Северна Митровица. Според податоците на косовската полиција, доколку се реализирал планот на српската паравоена група, друга група би влегла во Лепосавиќ преку српската граница.
– Првичната цел им беше да најдат безбеден коридор, тргнаа заедно од Извоци низ паралелен ридски пат во Бањска и ќе се распоредеа до Звечане и Северна Митровица. Бањска беше само собирно место. Не влегоа одеднаш, влегоа групи во вечерните часови. Место на средба беше Бањска. Тоа е воен план. Би биле сместени во Звечане и Митровица. Би се сретнале со останатите членови во Зубин-Поток. А имаме информации дека уште една група би влегла во Лепосавиќ од српската граница. Нашите разузнавачи се многу блиску до бројот на членови на оваа група, но не можам да ја кажам таа информација, изјави Свечља на КТВ
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.