Свештеник сексуално злоставувал 11 годишно девојче, а за тоа го криви ѓаволот

Италијански свештеник е обвинет за сексуално злоставување на 11 годишно девојче во автомобил, кажал дека „мислел дека детето е постаро“, и дека тоа го направил зошто „ѓаволот го натерал“.
Отецот Паоло Гленцер, кој има 70 години, уапсен е минатиот месец затоа што злоставувал 11 годишно дете. Судот не го пратил во притвор, туку во домашен притвор, каде чека судење.
Свештеникот за италијанските медиуми кажал дека му е многу жал поради тоа што се случило и дека „ѓаволот го наговорил“ да злоставува дете. Тој потоа кажал дека со девојчето „разменувале наклоност“ и дека таа изгледала „позрело“.


-Дознав дека има 11 години… Мислев дека има најмалку 15, кажал тој пред новинарите.
Дури и жртвата на Гленцер да имала 15 години, свештеникот пак би бил во проблеми со законот. Во Италија границата за прифаќање на сексуални односи е 16 години, кога еден партнер е во позиција на моќ и влијание над другиот, како на пример наставник или свештеник.
Паоло Гленце, како што забележал новинар кој зборувал со него, бил потполно рамнодушен кон истрагата, говорејќи цело време дека се „ветил на Исус и Марија“.
Инаку, во последниве години низа скандали ја потресуваат католичката црква.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.