Италијанскиот суд го осуди Дон Џузепе Руголо, сицилијански свештеник уапсен во 2021 година, на четири години и шест месеци затвор за сексуално насилство врз малолетници.
Станува збор за сицилијански свештеник, чија приказна ја прикрил бискупот, кој го префрлил свештеникот педофил од една во друга епархија за да ги смири работите, при што имало и исплата на пари за да ја премолчи жртвата, па дури и неколку закани до новинарите кои ја следат приказната.
Истрагата против Дон Руголо е отворена благодарение на жалбата на сега триесетгодишниот Антонио Месина, кој го пријавил насилството што го претрпел од 2009 до 2013 година.
Истрагата овозможи да се реконструира насилството извршено врз други млади луѓе, а на судењето беа сослушани повеќе од 50 сведоци.
– Што и да се случи, денес победи храброста на едно момче, кое се соочи со кошмарот на адолесценцијата, бидејќи не застана пред стравот да не му се верува и предрасудите со кои се соочи. Тужбата ја поднел од одговорност кон себе и кон неговите врсници, кои го претрпеа истото насилство – изјави обвинителот Стефани Леонте по читањето на пресудата.