Свиндал го освои златниот медал во спуст

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал во спуст на Светското првенство, кое до 17.февруари се одржува во австрискиот Шладминг.

Во не баш идеални временски услови, Свиндал, извозе совршена трка и со време од две минути, една секунда и 32 стотинки, ја остави конкуренцијата зад себе. Златниот медал во спуст е втор во кариерата на Свиндал, кој претходно беше светски првак во 2007 година. Норвежанецот во Шладминг го освои петтиот златен медал на светските првенства – има два во суперкомбинација (2009 и 2011), велеслалом (2007) и спуст (2007). Зад Свиндал, до сребрениот медал на скијачкиот Мундијал, стигна Италијанецот Доминик Парис, кој на целта имаше време од две минути, една секунда и 78 стотинки. Доминик Поазон од Франција, на крајот стигна до третото место и бронзениот медал, зад Свиндал тој задоцни 97 стотинки.Светското првенство во Шладминг продолжува в недела, кога ќе се вози спуст во женска конкуренција. 
Макфакс
Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал во спуст на Светското првенство, кое до 17.февруари се одржува во а

Пронајдете не на следниве мрежи: