Свинскиот грип ја зеде втората жртва во Македонија

Вчера на Клиниката за детски болести од компликации од грип почина петгодишно девојче, а денес исто така по добиени компликации грипот ја зеде и втора жртва. Се работи за 24-годишна девојка со Даунов синдром која починала на КАРИЛ.
Вирусот на грип од инфлуенца А, познат уште и како свински грип не беше присутен во Македонија три години. За епидемиолозите при симптоми на грип важна е кондицијата на телото, дали има други заболувања и заради тие компликации состојбата со здравјето може да стане сериозна. Првата жртва беше со дијагностицирана астма, а втората со Даунов синдром.
За само една седмица бројот на болни од грип се зголемил за 50 проценти, а лекарите очекуваат дека тој и понатаму ќе расте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.