Свиткаа кичмата: Ако е неопходно, ќе биде вратен без одредбата за интонирање на државната химна во училиштата, вели Јаневска за повлечениот предлог-закон за средно образование

Очекувам предлог-законот за средно образование, кој во моментов е повлечен, наскоро повторно да биде вратен во собраниска процедура, рече денеска министерката за образование, Весна Јаневска, посочувајќи дека повторно ќе се дискутира, со цел да се најде заеднички јазик.

„Целиот предлог-закон е повлечен, токму заради одредбата за интонирање на државната химна во училиштата и уште две-три други одредби кои и не беа толку важни во однос на суштинските реформи што се вршат во средното образование“, рече таа.
Посочи дека жали што политички теми станале предмет на толку бурни дискусии за овој закон, како и дека таа, како министер за образование и Владата нема да дозволат во првите закони што се носат во образование да се вклучи политиката.

„Со законот не правевме меѓуетнички тензии и нема да дозволам нивно подгревање. Но, за жал партијата ДУИ тоа го искористи тоа на најнесоодветен начин за да ги вметне политичките и етничките проблематики во закон за образование. Нема да дозволам такво нешто да се случува. Затоа законот е повлечен“, вели Јаневска.

Според неа, потребно е да продискутира уште малку на таа тема, но доколку не се најде заеднички јазик, битно е да поминат суштинските реформи во средното образование.

„Законот ќе биде вратен и без таа одредба ако тоа биде неопходно. Но, сеепак, треба да поразговараме уште малку“,
кажа министерката.

Јаневска: Предлог-законот за средно образование е повлечен за ДУИ да не го кочи усвојувањето на новата правна регулатива

Предлог-законот за средно образование ја помина фазата во прво читање, но на комисиска расправа за втората фаза беше повлечен од Собранието поради амандманите од ДУИ нивното противење на една од одредбите со која сее предвидува интонирање на државната химна во училиштатата. Тогаш, ресорното министерството го повлече овој предлог-закон, како негов предлагач, со образложение да не се внесува политика во образованието.

На крајот на годината во Собранието беа донесени останатите пакет закони во образованиеето, како Закон за стручно образование и обука, за учебници во осносвно и средно образование, за образование на возрасните и Законот на Националната рамка на кавалификации.

Пронајдете не на следниве мрежи: