Свиња брка грчки новинар среде вклучување во живо

Добро утро, имаме еден проблем. Имаме една свиња овде што не брка од сабајле! Со овие зборови грчки новинар го почна вклучувањето во живо во утринска емисија на телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.
Темата не беа животни, ниту свињи, туку новинарот се јави од областа Кинета, во западниот дел на регионот Атика, за да извести за вчерашните поплави. Меѓутоа, „непоканетиот гостин“, односно „гостинка“, со оглед на тоа дека новинарите од студио рекоа дека свињата е женка, не го остави репортерот да ги пренесе неговите информации.
-Извинете што не можам да застанам на едно место бидејќи ме гризе, рече новинарот додека со микрофонот, се обидуваше да и избега на свињата, која постојано трчаше по него.
Новинарот неколку пати се извини, а вклучувањето во живо по помалку од една минута беше прекинато.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.