Свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез ужива во луксуз, а последната фотографија на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари.
Кристијано Роналдо во текот на својата кариера заработил огромна сума на пари, а и понатаму заработува како од договорот со Јувентус, така и од други спонзори.
Фудбалерот сака да троши не само на себе, туку и на своите драги личности.
Георгина на социјалните мрежи се пофали со нова фотографија која ја доби од својот сакан.
Станува збор за „Луј Витон“ пижама која чини 2 700 евра.
Во коментарите следеа и многу критики дека овие пари можеле да бидат подобро искористени.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.