СДК: ЕКСМИНИСТЕРОТ СРЃАН КЕРИМ ГО ПАРКИРАЛ „ПОРШЕТО“ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

Колата „порше“, која на 22 март беше непрописно паркирана на велосипедска патека на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало, била возена од поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим. Откако видеото во кое се гледа дека пајак службата и полицијата не сакаат да го кренат возилото беше објавено на социјалните мрежи и предизвика низа реакции во јавноста, граѓани пишуваат дека „поршето“ е на Керим кој во тој момент бил во една од кафеаните на Боемска улица. Очевидци велат дека Керим тогаш бил во друштво со сопругот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Благој Давков. Полицаецот во видеото вели дека колата е на полициски службеник на должност.
Во соопштението кое утрово го испрати Министерството за внатрешни работи (МВР) беа објавени иницијали на возачот на возилото односно беше соопштено дека не станува збор за возило на полицаец, туку на С. К. кој добил казна за непрописно паркирање.
Повеќе тука
The post СДК: ЕКСМИНИСТЕРОТ СРЃАН КЕРИМ ГО ПАРКИРАЛ „ПОРШЕТО“ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: