Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поради како што велат „серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство“.
„Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство. Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Криење факти и лажење на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички принципи во политиката. Граѓаните не може да веруваат во Божиновска и во она што го говори кога избра да не им ја каже вистината“, реагираат од СДСМ.
СДСМ проверува и дали најавената инвестиција од кинеска компанија за ветерниот парк во Штип е сомнителна, и поврзана со нејзините претходни бизнис партнери.