СДСМ: Владата на Мицкоски треба да најде пари за зголемување на минималната плата од 600 евра за работниците

СДСМ бара од владата да најде пари за зголемување на минималната плата на 600 евра.

„Не може да има пари за криминални тендери без да има пари за работници. Наместо да наоѓа изговори за тоа да не ги зголемува платите, владата на Мицкоски треба да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра.“

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците се веќе видливи. Квалификувани работници од Македонија масовно ја напуштаат земјата, младите емигрираат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.

За време на владата на СДСМ, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари и просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

Имајќи ја предвид сè потешката економска состојба на работниците и барањата на Сојузот на синдикати, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.

„Еве едно законско решение на маса, сега ќе видиме кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страната на тендерите“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Владата на Мицкоски треба да најде пари за зголемување на минималната плата од 600 евра за работниците appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: