По објавувањето на резултатите од локалните избори денес, реагираше опозициската партија СДСМ. Тие велат дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ изгубила 135.000 гласови, во споредба со последните парламентарни избори, објавува Телеграф Македонија.„По пребројувањето на 99% од гласовите, се потврдува она што го кажа СДСМ, а тоа е дека оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе изгуби голем број гласови на овие избори.Споредбените анализи со резултатите од минатогодишните избори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ изгубиле речиси по една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастична бројка од 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и изгубил 33% од гласовите.За разлика од нив, СДСМ изгуби само 18% од гласовите, што, ако се земе предвид помалата излезност, речиси и да нема загуба. „Левицата“, која вчера триумфално лажеше дека ќе стане лидер на опозицијата, изгуби ист процент гласови како и СДСМ, со мало подобрување на резултатот на ниво на град Скопје.„Левицата“ има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ, што јасно става до знаење дека ваквите еуфорични лаги од Апасиев немаат никаква врска со реалноста.„СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е значително намалена, фактот дека ЗНАМ, нивната зависна партија, има драматичен пад, покажува дека довербата во владата значително опаѓа“, велат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



