СДСМ: Во Гостивар среде епидемија дежура само еден инфектолог

СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози.
Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата.
Во соопштението се наведува дека сè уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна, додека e потврдено присуство на бактерии во водоводниот систем. Од СДСМ го критикуваат и апелот на министерот Панче Тошковски граѓаните да ја испуштаат водата од чешмите, како и најавата за нови анализи на водата.
Партијата оценува дека состојбата во Гостивар претставува „целосен колапс на одговорноста“ и ја обвинува Владата дека не реагира соодветно на кризата.
The post СДСМ: Во Гостивар среде епидемија дежура само еден инфектолог appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: