Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Мицкоски за блокадата на евроинтеграциите!

„Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат. Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ!“, изјави денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

ДУИ: Албанците нема да бидат алатка на сценаријата на другите
По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите на некои албански партии се покажаа дека се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети, сакаме …
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар. Во неговото возило е пронајдена голема количина шверцувана стока – облека и обувки. Косовската полиција …

„Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ. Заклучоците на европскиот совет се кристално јасни – имаме успешен скрининг и без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладината конференција за отворање на поглавјата по изгласување на Уставните измени“, додава таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање.Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор,не е дозволено преземање,користење или реемитување на вестите.