СДСМ е против спојување на АНБ и АР

Назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност беше во диктакторски манир, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Поставувањето на Бојан Христовски на чело на Агенцијата, Филипче го оцени како партиско киднапирање. Тој смета дека се понижени професионалците од Агенцијата и очекува реакција од меѓународните партнери.

„Ќе ги известиме сите наши стратешки партнери и ќе побараме соодветно мислење и реакција од нивна страна, но истовремено ја повикувам и претседателката Сиљановска Давкова да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање, да не се откажува од нејзините ингеренции.“, вели Венко Филипче.

За изборот на Христовски негодуваше и ДУИ. Оттаму велат дека со ваква Агенција треба да раководи неполитички  и стручен кадар.

Пронајдете не на следниве мрежи: