СДСМ за Мицкоски: Ти си поразен и очаен политичар. Си ја згрешил професијата

СДСМ за Мицкоски: Ти си поразен и очаен политичар. Си ја згрешил професијата

„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“ – реагираа од СДСМ по прес конференцијата на Мицковски на која тој се претстави како победник на изборите.

„Тој е поразен политичар. Ваков очаен политичар е најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници. Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта“ – се додава во соопштението.

„Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата“.

Денеска од повеќе страни веќе беше побарана оставка од Мицковски поради катастрофалниот пораз. Прво Филип Петровски тоа го стори:

Филип Петровски со порака до Мицковски: Време е да си одиш!

Потоа и независната пратеничка група, како и градоначалникот на Кавадарци Јанчев

Независна пратеничка група: Гога, Бишевац и твојата некомпетентност Мицковски ти пресудија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.