СДСМ и ДУИ веќе договориле нова Влада
Три дена преговори беа доволни за да попладнево ги договорате начелата за заедничка влада на овие партии.
Мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.
Прво се сретнаа Заев и Ахмети пред неколку дена во собранието. А сега разговорите со утврдување на деталите ги довршија вторите луѓе во партиите, генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби.
Тие како што се информира утврдиле стабилен, четиригодишен мандат на ДУИ и СДС.
Исто така се сложиле дека Македонија нема друга алтернатива за интеграција, освен членство во НАТО, и ЕУ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.