СДСМ: Македонија станува земја од „третиот свет“

Од СДСМ велат дека одлуката на Соединетите Американски Држави да ги суспендираат визите за македонските граѓани не е „техничка пауза“, туку предупредување.„Стануваме земја од третиот свет. Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат до изолација и губење на довербата кај стратешките партнери“, се вели во соопштението на СДСМ.Според нив, оваа влада спроведува антиамерикански активности со соработниците на Мицкоски како што е Стоилковиќ, кој има директни врски со Москва.„Ние сме сведоци и на кампањата против ЕУ. Наместо реформи, намерно се провоцира опозицијата на Грција и Бугарија, се отвораат прашања повторно со единствена цел да се оправда изолацијата“, се вели во соопштението на СДСМ.
The post СДСМ: Македонија станува земја од „третиот свет“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: