СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не молчи за средните со Палевски, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, што се договарале.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за АП. Таа рече дека нејзината ќерка добивала …
Тахири: Оваа Влада во Косово заминува во историјата на 9 февруари
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, смета дека на парламентарните избори на 9 февруари граѓаните ќе гласаат против актуелната влада, која според него е најслабата во историјата на …

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Беа и дел од насилните протести против францускиот предлог и поставуваа гилотина пред Собранието.

Надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.