СДСМ: Мицкоски не сака реформи во Изборниот законик, туку бара изборен грабеж

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, ниту за консензус. Целта е една, изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората. Истиот ВМРО-ДПМНЕ кој тврдеше дека веќе обезбедил договор со „Левица“ и ДУИ, сега сака проблемот да го префрли на СДСМ. Не седнаа ли со „Левица“ и ДУИ, не се договорија ли, обвинуваат од СДСМ.

„Континуирано само лаги и спинови. Тој ја укина техничката влада со сила и без консензус.“

Откако не помина моделот за електронско гласање на дијаспората, тој се обиде да протурка нов за гласање по пошта и повторно без никаква контрола и без гарантирање на волјата на граѓаните. Проблемот е кај владата, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови.

„Тој ја користи реформската агенда само како изговор и алиби за неговата неспособност да ги исполни обврските од процесот на евроинтеграција. СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборни измами, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреба и манипулација“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Мицкоски не сака реформи во Изборниот законик, туку бара изборен грабеж appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: