СДСМ: Над илјада нерегистрирани возила, ова покажува колку паднал стандардот на граѓаните

Од СДСМ велат дека 12 часа по поставувањето на камерите во системот во Скопско, се покажало дека има над 1.000 нерегистрирани возила. Според нив, ова покажува колку паднал стандардот на граѓаните под Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето немаат пари ни за регистрација на автомобили. А зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е полоша ситуацијата во помалите градови и населби? Економијата се урива, а луѓето едвај преживуваат. Добро е што владата постави камери, сега од неговата канцеларија во зградата на Владата Мицкоски, зад обновената ограда, ќе може да ја види катастрофалната состојба во Македонија.“

„Мицкоски се дистанцираше од народот, па сега ќе може да гледа во камерите. Додека владата се храни со папаја и манго, вози автомобил од бизнис класа, додека спроведува милионски тендери за промоција на граѓански партии – народот нема пари ни за регистрација на возила. „Економскиот тигар“ им го донесе ова на граѓаните и го постави како „стандард“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Над илјада нерегистрирани возила, ова покажува колку паднал стандардот на граѓаните appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: