СДСМ обвинува дека власта има направено нов долг од 700 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека власта за само три месеци од годинава направила нов долг од 700 милиони евра.
Портпаролката на партијата и член на Извршниот одбор на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека за две години откако Мицкоски е на власт, јавниот долг е зголемен за 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра, што е историски највисоко ниво.

– Да биде јасно: ова е чист, нов долг. Сè што е вратено е веќе одземено од пресметките – станува збор за нето задолжување, директно создадено од оваа неспособна и расипничка власт. 2,3 милијарди евра нови долгови, а во исто време нема пари за повисоки плати за работниците, Владата одбива да ја покачи минимална плата од 600 евра, нема мерки за поскапувањата, граѓаните се оставени сами да се справуваат со сиромаштијата во криза, рече Кузеска.
The post СДСМ обвинува дека власта има направено нов долг од 700 милиони евра appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: