Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа одлучи дека ќе оди само на претседателски избори, а предвремени парламентарни, како што побара опозицијата – ќе нема.
На седницата на Извршниот одбор на партијата, преовладувала оценката дека реформите и интеграциите се поважни, и дека предвремените парламентарни избори би имале негативни ефекти во динамиката на овие важни процеси за евро-атлантската иднина на нашата земја.
Претходно и премиерот Зоран Заев изјави дека не е добро време за избори.
“Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред неколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните”, изјави премиерот Заев.