После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
– Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски.
Овој скандал ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.
Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.
Зар Силјановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ?
Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира?
ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле. – велат од СДСМ.