СДСМ сака парламентарните избори да се одржат кон средината на јуни

СДСМ сака парламентарните избори да се одржат кон средината на јуни

СДСМ сака парламентарните избори да се одржат кон средината на јуни. Ставот на партијата дојде по средбата што лидерот на партијата, Зоран Заев, ја имаше со партиите од коалицијата.

Според Заев, на земјата и се потребни итни избори, доколку здравствените институции дадат согласност. Заев ќе ги открие и економските, здравствените и политичките причини на лидерската средба со претседателот.

Меѓу темите кои се дискутирале биле и актуелните случувања со коронавирусот, економијата, а коалициските партнери веќе ја утврдиле и позицијата која ќе ја имаат на престојната лидерска средба во вторник.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.