„Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа. Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена“ соопштуваат денеска од опозициската СДСМ.
Од партијата велат „во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема“.
„Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства. Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“ реагираат од СДСМ.