СДСМ: Советникот на Мицкоски е предложен за нов уставен судија

Македонската опозициска партија, СДСМ, во соопштение за медиумите вели дека Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни прашања, е предложен за нов уставен судија за кој се очекува наскоро да се гласа.

Од СДСМ велат дека Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за европски интеграции од ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски, што, според СДСМ, уште еднаш ги потврдува политичките односи и влијанија.

„Владата ги зема судството и обвинителството под своја целосна контрола. Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под нивна контрола. Ја поставија сопругата на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за член на Судскиот совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд. Додека Мицкоски од собраниската говорница им доделува задачи и им кажува што и како да работат.“

„Воведуваат закони за судството кои се спротивни на препораките на ЕУ. Тотална партизација на државата, судство контролирано од партијата, судии и обвинители од тефтери. Исто како во времето на Никола Груевски. Следува целосно погребување на правдата и владеењето на правото“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Советникот на Мицкоски е предложен за нов уставен судија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: