четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ ќе бара итна реакција од европските институции по изјавата на Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Опозициската СДСМ денеска реагираше по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека има чувство оти поранешни високи функционери, премиери и претседали на Влада ќе одговараат.

– Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици. Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата со прогон и да ја плаши јавноста. Ова не е борба против корупцијата. Ова е класично подготвување терен за политички прогон и обид јавноста да се навикне на идејата дека „некој ќе биде гонет“, не според докази, туку според „чувството“ на премиерот, велат од СДСМ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од СДСМ најавуваат дека за ова ќе ги информираат известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, пратеникот Томас Вајц, делегацијата на Европската Унија во Скопје,  Европската комисија и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

– Ќе бараме итна реакција од европските институции и јасна порака дека таквото однесување на премиерот не е прифатливо во земја што претендира да стане членка на Европската Унија, велат од СДСМ.

Поврзани вести