СДСМ ќе ги искористи сите механизми во Собранието, мора да има и политичка одговорност за трагедијата во Кочани, одговори на новинарско прашање, Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ.
– Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, разговаравме за актуелните состојби во земјата, по оваа тешка трагедија којашто ни се сличи и ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 млади животи.
Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно, сензационалистички и практично е насочена кон минатото, кон поранешни функционери а не кон функционерите коишто се директно одговорни, затоа што тие ги вршеле функциите во моментот кога се случила трагедијата.
Беше истакнато дека таквата селективност во постапувањето е комплетно неприфатлива и дека тоа всушност не претствува правда.
Согласно тоа, СДСМ ќе бара и ќе инстистира да се спроведе независна, темелна истрага, којашто е неселективна. На каква било селективност којашто ја покажуваат истражните органи досега, вклучително и на оние кои се претставници на извршната власт, ќе се спротивставиме жестоко. Пред Законот мора сите да бидат еднакви.
Од особен интерес на сите граѓани е истрагите коишто се спроведуваат во врска со оваа најстрашна трагедија да покажат веродостојни резултат и да утврдат што точно се случувало и да лоцираат одговорност, онкако како што самата јавност и правните експерти кои ги слушаме укажуваат дека треба да се случува а не се случува.
Оттаму е предлогот и за формирање Анкетна комисија, тоа ќе биде во соодветно време, имаме поставени и рокови кога, Надзорна, за да може да се утврдат фактите за трагедијата, да и бидат предочени на јавноста и конечно да има соочување со одговорноста на оние кошто е јасно дека се одговорни, истакна Костова.