СДСМ ќе исклучи од членство советник во општина Карпош

Советник од СДСМ во општина Карпош ќе биде исклучен од партијата бидејќи за изборот на претседател на Советот во општината гласал спротивно на партиските одлуки и ставови.
Одлуката ја донел Извршниот одбор на партијата на денешната седница. Од партијата не наведуваат за кој советник се работи.
– Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови.  Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност, а тоа се однесува и на сите избрани советници, велат од СДСМ. 
Од партијата велат дека ги осудуваат и сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што најавуваат соодветни мерки за нивна заштита.

Пронајдете не на следниве мрежи: