Бизнисменот Сеад Кочан од синоќа е на отслужување на казната во затворот “Идризово“, откако му било отфрлено барањето за одложување на затворската казна поради здравствени причини.
– По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа, соопшти Кривилчниот суд.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.