Северина викендов ужива на море со синот Александар, а на социјалните мрежи се пофали со фотографии.
Пејачката на сите фотографии го крие лицето на синот, бидејќи така налагаат судскитe мерки кои ги барал Милан Поповиќ.
На една од фотографиите тие позираа во црква, пред олтарот, а Северина на синот му го посвети текстот на нејзиниот хит „Верувам во тебе“ (Вјерујем у те).
„…никогаш не оди без мене, дури и во црква да Бога да го молиш, пушти ветрот да се сврти, една солза ќе ме скрши… Верувам во тебе, со тебе убаво живеам, се додека сум жива, слепо ќе те сакам…“, напиша таа покрај фотографијата направена на Корчула.