Северина започнува нова битка за старателството врз синот

Според хрватскиот „Јутарњи лист“, адвокатскиот тим на Северина Којиќ поднел жалба на привремената одлука на судот дека нејзиниот син Александар (7) односно грижата за него припаѓа на неговиот татко, Милан Поповиќ.
Адвокатскиот тим на пејачката не сакаше да зборува за деталите, но гореспоменатиот медиум неофицијално откри што имало во жалбата.


– Во средата беше поднесена жалба од дваесет страници во која се вели дека судот одлучил каде ќе живее детето, без претходно да се земе предвид фактот дека детето има право да знае каде ќе живее – пишува во весникот, додавајќи дека според Конвенцијата на ООН за правата на детето, Александар мора да се праша за мислење, пренесува „Мондо.рс“.
Според медиумотт, сутврдени голем број лажни факти и решението е неодржливо, се наведува во жалбата.
Потсетуваме, судијата Теа Голуб неодамна издаде привремена мерка со која се наредува синот на српскиот бизнисмен и пејачката во иднина да живее со својот татко и тој самостојно да се грижи за здравјето и образованието на детето.
Со денови се шпекулира околу наводните детали од оваа битка, а наводно Северина ќе мора да плати алиментација од 1.200 куни или 160 евра, а досега, месечната алиментација на Милан беше 15.000 куни или 2.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.