За тоа дека 80-те години се вратија во мода, добро знае и Северина, која тоа го докажа со последното сценско издание.
За настап во српскиот град Лесковац, ископирала еден незаборавен стајлинг од тој период, нормално, во помодерна верзија.
На кого ве потсетува? Веруваме дека на многумина од вас уште на прв поглед им стана јасно дека пејачката овој изглед го ископирала од едно легендарно издание на Мадона, од доделувањето на „MTV VMA“ наградите, во 1984-та година.
Стајлингот е целосен – романтична тоалета со ремени, ракавици, ремен на струкот, наредени ѓердани, силен мејкап… Но, Северина наместо бела, избрала светлорозова тоалета, под која носела мрежесто боди и наместо чипкани, ставила кожни ракавици, додека високите лакирани чизми го заокружиле овој модерен изглед.
Сепак, јасно е од кого земала инспирација, а со ова интересно издание го потврди враќањето на трендот од 80-те години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.