Северина и Игор се разведоа

Во петокот, пејачката Северина и менаџерот Игор Којиќ наводно се разведоа, а спогодбата за развод беше официјализирана пред судот во Загреб.
Како што пишува „Република.рс“, тие ја чекаа пресудата во врска со старателството над малолетникот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.
Медиумите одамна почнаа да пишуваат дека бракот на Северина и малиот Кеба е фарса, и дека тие се заедно за лични интереси.
Имено, Северина и Игор цело време се преправаа дека се во брак за Северина да има на суд како доказ дека е во хармоничен брак, а всушност тој брак не функционираше долго време. Како што веќе пишуваат медиумите и порталот Република.рс, Северина ја измами јавноста и судот, а штом дојде пресудата за старателство, таа и Игор официјално се разведоа 15 дена по таа пресуда, дознава порталот Република.рс
Двајцата наводно на 12.08. поднеле барање за развод, а вчера се развеле во Загреб.
Од самиот почеток, сите медиуми пишуваа дека бракот на Северина и малиот Кеба е фарса, и дека тие се заедно за лични интереси. Пред се, со цел пејачката да добие целосно старателство над својот син, што не успеа во тоа. Сепак, со месеци е познато дека таа и Игор веќе не живеат под ист покрив, туку водат одвоени животи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.