Хрватската пеачка Северина ќе мора да ги отстрани сите фотографии од нејзиниот син Александар кои ги има објавено на социјалните мрежи, но и не смее да објавува нови.
Пеачката има рок од осум дена да ги отстрани фотографиите и откако ќе го стори тоа нема право да објавува нови фотографии со својот син , одлучи Општинскиот граѓански суд во Загреб.
Се работи за привремена мерка која важи до завршувањето на судскиот спор помеѓу Северина и нејзиниот поранешен сопруг кој е татко на Александар. Доколку не ја почитува оваа одлука на судот Северина ќе мора да плати казна од 636 евра а казната ќе се зголемува двојно за секо наредно прекршување.
Фотографии од малиот Александар нема да смее да објавува ниту сегашниот сопруг на Северина.