Северина после разводот со Игор: Тој е прекрасен партнер, но јас не сум јавна вреќа за „млатење“

Хрватската пејачка северина Северина и Игор Којиќ и официјално се разведоа, а по тој повод за прв пат се огласи и пејачката.
-Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви, вели Северина и порача: „Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.