Северина се струполи на сцената за време на концертот! Видеото кружи по мрежите

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ имала лоша среќа и паднала на средина од сцената за време на концерт.

Видео од нејзината несреќа од концертот почна да циркулира на социјалните мрежи.

За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во високи потпетици, а во еден момент се сопна и падна на глава.

„Опаа“, извика типот што го сними падот на пејачот.

После тоа, таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.

„О, ова болеше“, „Дали стана на крајот?“, „Севе се скрши“, коментарите се на мрежите…

Да ве потсетиме дека Северина зад себе има два брака. Таа беше со Игор Којиќ од 2015 до 2021 година, а пред тоа пејачката беше во брак со Милан Поповиќ, со кого доби син.
The post Северина се струполи на сцената за време на концертот! Видеото кружи по мрежите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: